Реал Мадрид веќе три натпревари по ред не знае за победа, па по поразот од 1-0 против Ливерпул во Лигата на шампионите, двапати одигра нерешено во Ла Лига. Сепак, дуелот против Елче предизвика бура од реакции во Шпанија.
„Мундо депортиво“ пишува дека и двата гола на Реал Мадрид не се регуларни и требаше да бидат поништени, но реакција немаше ниту од судијата, ниту од ВАР-собата.
Во 78-мата минута Белингам со рака му асистираше на Хујсен. Во 87-мата минута Винисус направи фаул над голманот на Елче, кој остана со раскрвавен нос, при постигнувањето на голот на Белингам.
Бодот кој го освои Реал Мадрид на гостувањето кај Елче беше доволен за задржување на лидерската позиција на табелата во Ла Лига, со еден поен предност пред Барселона.

