Разочарување за Барселона и Арсенал: Лион не ги продава Депај и Оуар

Олимпик Лион ги разочара гигантите Барселона и Арсенал, така што одлучи да не ги продаде двајцата клучни фудбалери Мемфис Дебај и Хусем Оуар.

Депај се поврзуваше со преселба на „Камп ноу“ од моментот кога Роналд Куман седна на клупата на Каталонците. Промашувањето на Манчестер јунајтед требаше да биде замена за Луис Суарес, кој дресот на Барса го смени со црвено-белиот на Атлетико Мадрид.

Оуар беше на радарот на Микел Артета извесен период, па Топчиите се надеваа дека ќе го осигураат потписот на перспективниот играч за врска кој сè почесто добива пофалби од Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид. Иако изминативе денови Арсенал влезе во завршни преговори и речиси го имаше Оуар, Лион се повлече во последен момент.

Лавовите се одлучија на ваков потег бидејќи не би имале доволно време да најдат замени, со оглед на тоа дека преодниот рок завршува за два дена.

- Оглас -

Најнови вести