Лионел Меси има повреда на тетивата на десната нога, поради која ќе мора да ги пропушти пријателските натпревари за Аргентина против Ел Салвадор и Костарика, закажани за 23-ти односно 26-ти март. Овие пријателски мечеви ќе се играат во САД.
Меси ќе ги пропушти овие два дуели на светските шампиони, а целта му е да биде здрав и спремен за четвртфиналето во Купот на шампионите на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) каде со клубот Интер Мајами треба да игра против мексикански Монтереј (првиот меч е на 2 април).