Разоткриен митот за „мечот со настинка“ – Џордан всушност се отрул со пица

„Последниот танц“ руши рекорди на гледаност за една документарна серија, а од вчера достапни се последните две епизоди во кои се прикажа патот кон последните две титули на Мајкл Џордан со Чикаго булс, како и крајот на шампионската ера и неговото заминување.

Не можеше, а да не се спомне „мечот со настинка“ од финалната серија во сезоната 1996/97. Се играше петтиот меч меѓу Чикаго и Јута џез, по кој се креира митот дека Џордан играл болен и со температура. Јасно и очигледно беше дека Летечкиот не се чувствува најдобро, но со мала задршка и температура од 38 степени тој блесна на паркетот со 38 поени и ги одведе Булси до триумф. Откако погоди тројка во последните секунди за победа, Џордан се препушти во прегратките на Пипен не можејќи да стои на нозе.

Сепак, Џордан го разоткри митот и кажа дека всушност се работело за труење со храна, поточно со пица. Додека престојувал во хотелот „Мериот“ вечерта пред натпреварот, Мајкл бил гладен, па одлучил да нарача пица бидејќи немал голем избор во тој момент. Целата пица ја изел сам, а само неколку часа подоцна се појавиле симптомите. Џордан повраќал цела ноќ и имал треска, меѓутоа собра сила да излезе на теренот и да ја одигра својата улога.

- Оглас -

Најнови вести