16.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Разрешена дилемата дали Кристијано Роналдо побегнал од Саудиска Арабија

Ставен е крај на дилемата каде е Кристијано Роналдо и потврдено е дека тој сè уште се наоѓа во Саудиска Арабија.

Приватниот авион на Португалецот синоќа тргнал од Ријад и по седумчасовен лет слетал во Мадрид, но напаѓачот на Ал-Наср не се качил во него. Се верува дека во авионот биле неговата партнерка Георгина Родригес и неговите деца. 

Ситуацијата во Саудиска Арабија стана опасна откако Иран почна да испукува ракети и дронови како одговор на офанзивата што САД и Израел ја започнаа минатиот викенд.

Следниот натпревар на Ал-Наср е в сабота против НЕОМ. Португалецот е повреден и нема да игра, но засега не се чувствува загрозен и останува во Саудиска Арабија. 

- Оглас -

Најнови вести