Селекцијата на Македонија ги дозна шесте можни противници во баражот за СП во Катар.
Покрај веќе сигурните Италија, Португалија, Шкотска и Русија, на оваа листа се приклучија Велс и Шведска.
Ждребот за противникот во баражот ќе се одржи на 26 овој месец, а ние на првата средба во март, која ќе биде на 24 или 25 наредната година, ќе играме на гостински терен.
Додека финалето од плејофот ќе биде дополнително назначено.
Како што е познато, 10 селекции од квалификациите, како и двете најдобри непласирани од Лигата на нации ќе се борат за трите места кои носат билет за во Катар.
НОСИТЕЛИ: Италија, Шкотска, Русија, Велс, Португалија и Шведска.
НЕНОСИТЕЛИ: Македонија, Украина, Чешка, Австрија, Турција и Полска.


