Реакции по објавата на Федерер: Алкараз со скршено срце, АТП порача дека Роџер го смени тенисот

Тенискиот и спортскиот свет се простуваат од легендата Роџер Федерер, кој објави крај на играчката кариера и му се заблагодаруваат за тоа што го направи за „белиот спорт“.

Асоцијацијата на тениски професионалци, АТП, порача дека Федерер е човек кој засекогаш го сменил тенисот.

Новиот лидер на АТП-листата, Карлос Алкараз, кој е најмлад број 1 во историјата, не дочека да заигра официјален меч против Федерер, па објави скршено срце.

- Оглас -

Најнови вести