Реакцијата на Алушовски кажува сѐ за играта на Вардар: Што е ова бе момци, што играте!? (Видео)

Вардар губи со 16:9 на полувремето на гостувањето во Украина кај Мотор Запорожје во меч од регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“ беа очајни во текот на сите 30 минути, па затоа не е изненадување високата негатива по првиот дел.

Мотор започна одлично и направи серија од 6:0. Првиот гол на Вардар го даде Тимур Дибиров и тоа во 11 минута од мечот. Погодокот на Дибиров не ги разбуди вардарци, а домаќините продолжија со добра игра и стигнаа до 13:5 во 24 минута. Во тие моменти, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски го побара и вториот тајм аут во првото полувреме, а реакцијата на стратегот кажа се за тоа како играше македонскиот првак во првиот дел.

„Што е ова бе момци, Што играте“, беше првата реакција на  Стевче Алушовски, на тајм аутот. Мотор имаше двојно повеќе погодоци и водеше со 16:8, а Вардар го постигна деветиот погодок пред крајот.

- Оглас -

Најнови вести