32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Реакцијата на Анвиса беше претерана, но оправдана: Аргентина потврди позитивен случај на ковид-19

Позитивен случај на корона-вирусот се потврди во редовите на аргентинската фудбалска репрезентација, откако еден член од делегацијата покажал симптоми и добил позитивен тест. Засега е непознато дали се работи за некој од стручниот штаб или пак во прашање е фудбалер.

Случајот ја оправдува претераната реакција на Анвиса (агенцијата за јавно здравје на Бразил), откако влета на теренот во дербито меѓу Бразил и Аргентина и го прекина мечот по само шест минути игра со цел да ги отстрани аргентинските фудбалери кои допатуваа од Велика Британија и го прекршија здравствениот протокол.

Поради ова скандалот може да добие различен тек на настаните и побрзо да се донесе одлука околу тоа чиј беше пропустот што не се почитуваше протоколот, бидејќи двете страни ја префрлаат вината.

- Оглас -

Најнови вести