27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Реакцијата на Ѓоковиќ кога Реал го даде голот за победа стана вирален хит (Видео)

Реал Мадрид повеќе од 90 минути се мачеше да ја матира одбраната на Атлетик Билбао и на крајот тоа се случи во 90+3 минута. Федерик Валверде со прекрасен силен шут успеа да ја затресе мрежата на Атлетик и да донесе голема радост за навивачите на Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Со оваа победа Реал повторно се доближи на четири бода зад лидерот Барселона и остана во трка за титулата во шпанското првенство. На трибините на стадионот во Мадрид синоќа  беше и најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Србинот се израдува кога Валверде постигна погодок, а неговата реакција стана вирална.

Погодокот на Валверде навистина беше спектакуларен, а посебно е вреден бидејќи донесе победа на кралевите. Во следното коло Реал гостува кај градскиот ривал Хетафе, а Барселона на свој терен игра против Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести