Екипата на Ливерпул синоќа забележа победа со пресврт на гостувањето во Австрија, откако на полувремето губеше со 1-0 од ЛАСК Линц, а на крајот победи со 1-3. На прес-конференцијата по натпреварот, новинарите искористија прилика да го „пецнат“ тренерот на Ливерпул за голот кој го постигна Џуд Белингам во 94-тата минута за победа на Реал Мадрид над Унион Берлин.
Реакцијата на Клоп ги насмеа сите. Тој само кусо рече: „Белингам“ и се насмевна.
Познато е дека Џуд Белингам беше голема желба на Ливерпул и беше многу блиску до трансфер на „Енфилд роуд“. Сепак, на крајот се одлучи да се пресели во Реал Мадрид, а навивачите на Ливерпул, но и Јирген Клоп, останаа разочарани од ваквата негова одлука.
https://twitter.com/diarioas/status/1704806668620697944?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704806668620697944%7Ctwgr%5Ec6cbbb6debdaa875a77532466e662aac5f3bbcc7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fklopp-reakcija-gol-bellingham%2F459040