Мајк Дин во судиската кариера ја делел правдата на многу важни мечеви, посебно во англиската Премиер лига, но и на меѓународна сцена. Освен што е препознатлив арбитар, тој е познат и како голем навивач на тимот на Транмер. Денеска, Дин беше на трибините и го бодреше Транмер, во меч против Њупорт, за влез во Лига 1.
Дуелот кој требаше да го даде клубот кој ќе оди во еден ранг погоре беше многу неизвесен и во регуларните 90 минути немаше погодци. Кога се очекуваше пеналите да решаваат за победникот, Транмер со погодок во 119 минута даде гол за радост и пласман во Лига 1 (трета лига по ранг во Англија).
По постигнување на погодокот, навивачите на Транмер „збеснаа“ од радост, а посебно впечатлива беше реакцијата на судијата Дин кој беше на трибините како навивач.