Реакцијата на немоќниот Феликс во поразот од Реал во градското дерби (видео)

Жоао Феликс имаше речиси неприметен настап во градското дерби против Реал по кое Атлетико го претрпе првиот овосезонски пораз во Ла Лига, односно загуби по 26 последователни натпревари во првенството ако се сметаат и дуелите од минатата сезона.

Златното момче на Јорганџиите на теренот се задржа до 60-тата минута, кога местото му го отстапи на Саул, а пред да седне на трибините ја покажа фрустрацијата што беше немоќен против Кралевите.

Феликс речиси заплака на клупата, а се чини дека ќе мора да се навикне на слични исходи во иднина во дуелите против актуелниот шпански првак.

https://twitter.com/GoalooSports/status/1337965191594528770

- Оглас -

Најнови вести