Реакцијата на Симеоне по влегувањето во игра на Гриезман во 90-тата минута кажува сѐ (Видео)

Барселона е сè подалеку од трката за одбрана на титулата во Примера дивисион откако на свој терен одигра само 2:2 во дербито против Атлетико Мадрид. Каталонците двапати водеа, но Атлетико покажа дека е тим кој никогаш не се предава и стигна до бод.

Во последните 20-тина минути Барселона беше во потера да даде и трет гол, но не успеа. Тренерот на домаќините Кике Сетјен во 90-тата минута во игра го внесе Антоан Гриезман, кој порано блескаше во дресот на Атлетико. Гриезман во Атлетико беше прва ѕвезда, но сакаше да заигра во Барселона, а таму е резерва.

Тренерот на Јорганџиите, Диего Симеоне, едноставно не можеше да поверува дека некогашниот негов омилен играч, сега ја грее клупата, а добива само неколку минути за игра. Реакцијата на Симеоне кога Гриезман се подготвува да влезе во игра е доволен коментар за тоа што мисли Симеоне.

https://twitter.com/i/status/1278413027080101888

 

- Оглас -

Најнови вести