Бенфика успешно стартуваше во Лигата на шампионите откако со 2:1 победи на гостувањето во Белград против Црвена ѕвезда. Tурските интернационалци Артуркоглу и Кокчу погодија за гостите од Лисабон, а посебно атрактивен беше вториот погодок. Кокчу погоди директно од слободен удар и зголеми на 2:0.
Токму по овој гол, сите кои беа на клупата за резервни играч кај гостите прославија со скокање од своите места, но не и тренерот Бруно Лаж. Стратегот гледаше во тревата додека се подготвуваше изведувањето на слободниот удар, а кога беше постигнат голот, Лаж остана „мртов-ладен“ без никаква реакција, додека сите останати се радуваа.
Lage no golo do Kokcu 😯
Via – @lemarcasports pic.twitter.com/uVdtqAWnjX
— M10 (@M10Infos) September 19, 2024