Хановер го фаќа последниот воз во Берлин, или патува во Цвајта

Евертон – Манчестер јунајтед (14.30 часот)

Точно на 7 премиерлигашки дуели по ред Манчестер јунајтед е непоразен против Евертон, но „Гудисон Парк“ е секогаш тешко место за гостување.

Евертон е релаксиран, нема резултатски императив и во таква ситуација тимовите се најопасни. Вистински предизвик е да се победи еден од најтрофејните клубови во Англија.

На Манчестер му требаат бодови во битката за пласман во Лигата на шампионите, што би било спас на сезоната. Од големата шесторка на англискиот фудбал сезонава на „Гудисон Парк“ славеа само Тотенхем и Манчестер сити и тоа убедливо, а паднаа Арсенал и Челси. Ливерпул одиграа без голови, па серијалот завршува со гостувањето на Манчестер јунајтед.

Гостите ја имаат улогата на фаворит против незгодниот домаќин.

Предлог тип: Х2&1+ прво полувреме (2.00) Квота на денот

 

Реал Мадрид – Атлетик Билбао (16.15 часот)

Реал Мадрид ќе остане без трофеј сезонава, а и тешко ќе успее да биде вицешампион. Денеска гостин на Кралскиот клуб е Атлетик Билбао, тим што нема победено на „Сантијаго Бернабеу“ од 2005 година. Тоа е една од најдолгите серии во шпанскиот фудбал.

Интересно е што двата клуба влегоа во серија нерешени исходи на три натпревари по ред. Бодовите му се неопходни на клубот од Баскија, бидејќи Атлетик бие битка за настап во Европа, а ако победи може да се надева и на место во Лигата на шампионите.

Кај домаќините нема да играат капитенот Рамос, Одриозола, Куртоа и веројатно и Крос, што му ја олеснува работата на гостинот. Сепак имаат лоша традиција на гостувањата на храмот на фудбалот, а и Реал не смее да си дозволи кикс во и онака релативно неуспешната сезона.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.15) Квота на денот

 

Арсенал – Кристал Палас (17 часот)

Арсенал знае како да игра против градскиот ривал од Лондон и на 13 меѓусебни дуели има само еден пораз, 9 победи и три нерешени.

На „Емирејтс“ гостите се уште ја чекаат првата победа во меѓусебните дуели со топчиите, но на Арсенал му требаат бодовите за да се врати на третата позиција.

Домаќините се во добитна ситуација, ако победат, а се големи фаворити и можат да си направат солидна залиха пред глабните конкуренти за пласман во ЛШ, Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед.

Во ситуација кога не смеат да направат нов кикс ќе типуваме на победа на Арсенал.

Предлог тип: 1&3+ (2.05)

 

Херта – Хановер (18 часот)

Ова е дуел на две екипи кои се во најлоша форма во моментов во Бундеслигата. Со пет порази по ред Херта ги загуби пансите за настап на европската сцена, па амбициите спласнаа, а порази се редат.

Уште полоша е ситуацијата кај Хановер, екипа што нанижа дури 8 порази и е последна на табелата во првенството.

Ова за гостите е последен воз со евентуален триумф да се надеваат дека ќе успеат да го стасаат Штутгарт на позицијата која носи бараж со треопласираната екипа од Цвајта. Ако загуби Хановер се сели во Втората лига. Тоа значи дека ќе мораат да напаѓаат, Херта во таква ситуација ќе бара рехабилитација за неуспесите во последно време и може да се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

Пари Сен Жермен – Монако (21 часот)

Светците од Париз ќе бараат четврта среќа за да ја прослават новата титула во Франција. Пехарот не може да им побегне, но и никако не успеваат да стасаат и до практична потврда на шампионската круна. Загубија два меча по ред и тоа убедливо, а претходно имаат и реми, па сега им е шанса пред своите гледачи да стават печат на новата титула во француското првенство.

Сензационалната елиминација од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите донесе многу проблеми во таборот на ПСЖ. Мбапе е суспендиран и нема да игра, а неизвесен е настапот на Нејмар, Кавани, Ди Марија, Силва и Муние.

Тоа се големи проблеми за тренерот Тухел, но и Монако има слични проблеми скоро цела сезона. Гостите се борат за опстанок, се уште не се сигурни и имаат само 4 бода предност пред Дижон, но ПСЖ е голем фаворит и чека потврда на титулата.

Патем Монако има катастрофакна серија од 9 меча без триумф против најдобриот тим во Франција, а гол-разликата им е 5 дадени и дури 32 примени гола во серијалот несупеси против ПСЖ.

Предлог тип: 1&3-5 гола (2.30) Квота на денот

 

 

- Оглас -

Најнови вести