20.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Челзи се затвори, Реал Мадрид ќе напаѓа со Бензема и Винисиус

Со малку позатворени варијанти од најавените, Реал Мадрид и Челзи ќе го почнат првиот полуфинален дуел од двомечот во Лигата на шампионите.

Вечерва од 21 часот во Мадрид ќе стартува завршницата во Лигата на шампионите, а изненадување кај домаќините е Бразилецот Марсело, кој не беше најавен за почетната постава, но ќе биде меѓу 11-те што ги одбра Зинедин Зидан.

Кај Челзи го нема Кај Хаверц, а гостите ќе почнат само со еден изразит напаѓач, Тимо Вернер.

СОСТАВИ:

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа – Начо, Варан, Милитао – Карвахал, Крос, Каземиро, Модриќ, Марсело – Винисиус јр., Бензема.

Тренер: Зинедин Зидан.

 

ЧЕЛЗИ: Менди – Кристенсен, Т. Силва, Ридигер – Аспиликуета, Жоржињо, Канте, Чилвел – Маунт, Пулишиќ, Вернер.

Тренер: Томас Тухел.

 

 

- Оглас -

Најнови вести