Кој друг ако на вечниот ривал – Барселона во новогодишно „Ел Класико“ ја сопре перфектната серија на Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид го загуби првиот меч на домашен терен во шпанското првенство, а бодовите од главниот град ги однесе вечниот ривал Барселона.

Каталонците направија пресврт по негативата во првото полувреме и победија со 87:78 во новогодишното баскет „Ел Класико“.

Кори Хигинс и дуото Никола-Никола, Лапровитола и Миротиќ ги предводеа гостите до сладок триумф во вечното шпанско дерби за прв пораз во седмиот меч во Мадрид за Реал.

Лапровитола постигна 19 поени со шест асистенции, Хигинс имаше 18 поени, а Миротиќ даде 12 поени. Одличен беше и Јан Весели со 11 поени.

Кај домаќините најефикасен беше Валтер Тавареш со 19 поени. Јабуселе и Муса дадоа по 14 поени, но Реал остана без бодовите.

Како утеха за домаќинот е потегот на мечот, а го имаше ветеранот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ.

Тој погоди тројка од пола терен со една рака, или популарната „Мандарина“ во последната секунда од првото полувреме, кое заврши со предност на „Кралевите“ со 44:42.

https://twitter.com/ACBCOM/status/1610018767198720000?s=20&t=y-Wh_DlH4fvWN8oQ92iiXA

Двете екипи сега се заедно на врвот на табелата со идентичен ефект од 11 победи и три порази, а можат да им се приклучат и Тенерифе и Басконија, ако победат во своите мечеви од 14. коло.

- Оглас -

Најнови вести