15.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Реал, Арсенал и Баерн одат на победа вечерва

2701 Илвес – КуПС (17.00 часот)

Ова е последен меѓусебен дуел сезонава на двата тима кои се борат за шампионската титула во Финска. На шест кола до крајот, КуПС има еден бод повеќе, а овој тим првото место го презеде во претходното коло, кое се играше пред репрезентативната пауза. КуПС беше во налет, имаше три победи по ред, а Илвес освои само еден бод во претходните две кола. За титула се бори и Интер Турку, кој е на три бода зад КуПС, но тимот од Турку е во криза, на последнте три меча освои само еден бод. Илвес има постигнато 6 гола повеќе од КуПС, но има и шест примени голови повеќе.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

1024 Хадерсфилд – Болтон (21.00 часот)

Хадерсфилд и Болтон се соседи на табелата во англиската трета лига (Лига 1), со тоа што домашните кои бегаат два бода, имаат и еден меч помалку. Хадерсфилд е тим кој во досегашните 11 кола има само еден нерешен резултат, а имаат само една победа во последните четири кола. Болтон се мајстори за ремија, имаат пет нерешени во 12 меча, но веќе четири кола по ред немаат одиграно меч без победник. Болтон сезонава нема победа на гости, но минатата сезона победија кај Хадерсфилд со 1-0.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

6827 Баерн ж. – Јувентус ж. (21.00 часот)

Баерн во женската ЛШ сезонава тргна со катастрофален пораз од Барселона од 1-7, а рехабилитацијата ќе ја бараат против Јувентус, кој славеше 2-1 против Бенфика на стартот. Германскиот тим е фаворит на хартија, Јуве викендов неочекувано загуби од Комо во Серија А. Баерн во последната година има само еден пораз на свој терен, и тоа од Лион. Лани во декември, Баварките ги совладаа колешките од Торино со 4-0. Јуве уште нема дадено гол против Баерн.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.11)

 

6825 Бенфика ж. – Арсенал ж. (21.00 часот)

Арсенал е актуелен европски првак во женска конкуренција, но загуби во првото коло сезонава од Лион, кој е најтрофеен клуб во женската ЛШ. Сега Топчиките треба да се вадат во Лисабон против тим кој исто така новата сезона ја отвори со пораз од 1-2 на гости од Јувентус. Овие два тима никогаш не играле меѓу себе, а дека Арсенал не е во топ форма, потврдува и дека викендов во лигата против Брајтон победија само со 1-0. Би било сензација Арсенал да не победи.

Предлог тип: 2 & 2+ пол. (2.16)

 

6826 ПСЖ ж. – Реал Мадрид ж. (21.00 часот)

Дуелот на ПСЖ и Реал е можеби и најинтересниот вечерва во женската ЛШ, а и квотите најавуваат неизвесност, иако во првото коло парижанките загубија со 0-4 од Волфсбург, додека фудбалерките на Кралскиот клуб победија со четири гола разлика, триумфираа 6-2 против Рома. Тимот на Реал беше расположен и викендов, победија 4-1 на гости против Билбао. Реал губеше на претходните две гостувања во Париз во 2021 и 2022 година, можеби третиот пат ќе им се посреќи.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.11)

- Оглас -

Најнови вести