Реал Мадрид утре пристигнува во Белград, ги очекува пекол

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, стравувајќи за безбедноста на своите кошаркари,  изнесе низа барања до Партизан пред третиот натпревар од четвртфиналната серија во плејофот во Евролигата.

Израелскиот спортски портал Валаспорт ги објави барањата на претставниците на Реал кои ги доставија до челниците на Партизан , а кои се однесуваат на безбедноста на кошаркарите на шпанскиот тим:

– Автобусот да ги земе кошаркарите од авионска писта со цел да се избегне било каков контакт со навивачи и со медиуми.

– Полицијата ќе ја следи делегацијата од аеродромот до хотелот, потоа од хотелот до салата за време на тренингот. Исто така полиција мора ги обезбедува и кога ќе одат на натпреварот, како и од хотелот до аеродромот.

– Пред хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите на Реал Мадрид, постојано мора да има обезбедување.

– Обезбедубањето мора да биде зголемено и во салата, посебно околу клупата на Реал Мадрид.

Според Валаспорт, управата на Партизан ги прифатила сите барања на Реал Мадрид, а истото го сторила и белградската полиција.

Натпреварот треба да се игра в вторник во „Штарк арената“, а мечот го следат големи тензии откако вториот дуел беше прекинат поради тепачка на кошаркарите на двата тима. Натпреварот беше регистриран со победа на Црно-белите. Евролигата реагираше и суспендира по двајца кошаркари на двата тима.

Реал Мадрид во третиот меч нема да може да смета на Гершон Јабуселе и Габриел Дек, а за Французинот кој со боречки зафат го собори и го повреди Данте Егзум, заврши сезоната бидејќи е казнет со пет натпревари неиграње.

Партизан ќе биде ослабен со неиграњето на Кевин Пантер и Матијас Лесор.

Партизан води со 2-0 во победи и потребна му е уште една за да обезбеди пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Каунас.

- Оглас -

Најнови вести