16.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Реал – Барса и Наполи – Интер се главните предизвици за играчите на Спортска прогноза

Вторник 14 часот е стандардниот термин за отворање на ново коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.

Новите 13 пара кои се предизвик за играчите веќе се тука и може да почнете да прогнозирате какви ќе бидат исходите, а најголем предизвик ќе биде да се погодат неколку дерби-дуели, меѓу кои и популарното Ел Класико, дуелот на Реал Мадрид и Барселона.

Дуелот на Реал и Барса се игра в недела и ваше е да погодите дали ова дерби, можеби и најголемо на светот, ќе заврши со победа на домашните, на гостите, или нерешено.

Терминот до кој може да типувате е сабота во 15 часот.

Саботата ни носи две дербија, едното е пресметката на последните два шампиони на Италија, Наполи и Интер, како и локалното градско дерби на Валенсија и Виљареал.

В недела во фокусот е Реал – Барса, а дерби има и во Серија А, каде што се среќаваат Лацио и Јувентус.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

 

- Оглас -

Најнови вести