Реал без Азар на „Месталја“, а можеби и на „Камп ноу“

Дебито на Еден Азар во шпанското Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид можеби нема да се случи на 18 декември, иако на тој датум овие два трофејни клуба треба да се сретнат во заостанат меч од шпанската лига. На заедничката вечера која ја имаа фудбалерите, Азар дојде со патерици, а и не можеше да вози автомобил, туку беше донесен од Тибо Куртоа.

Азар има повреда на десната нога здобиена на 26 ноември, на дуелот со ПСЖ од Лигата на шампионите. Се говореше дека сигурно ќе закрепне најмногу за две недели, но ситуацијата е поинаква. Рехабилитацијата оди побавно, па шансите на Азар да настапи на гостувањето кај Валенсија на 15 декември се минимални, а сериозено е загрозен и неговиот настап против Барса, само три дена подоцна. Планот беше да игра против Валенсија за да биде во ритам за Ел Класико.

Белгиецот сигурно нема да се појави на мечевите со Еспањол и Бриж на 7 односно 11 декември. Ова отвора шанса за Герет Бејл да ги придобие фановите на Реал кои го исвиркуваат или можеби за младиот Винисиус, кој во последно време често е изоставен надвор од составот.

 

- Оглас -

Најнови вести