Реал без Бензема правеше пресврт, Чуамени научил нешто од Модриќ (Видео)

Реал Мадрид со победа над Еспањол од 3-1, оди во важната недела во која Кралскиот клуб има дуели со Ливерпул и Барселона.

Иако го немаше капитенот Карим Бензема, Реал најде начин како уште во првото полувреме да направи пресврт после раното водство на гостите. Клучниот гол за 2-1 го даде Едер Милитао, кој сезонава е најефикасен во Ла Лига според головите до глава, а асистент при тој гол беше Орелиен Чуамени кој одлично нафрли со надворешниот дел од копачката.

Инаку, Реал низ историјата на меѓусебните дуели има дадено 390 голови против Еспањол и тоа е рекорд во меѓусебните дуели на било кои два клуба во шпанското првенство.

Погледнете ја убавата асистенција со надворешна на Чуамени и езекуцијата на Милитао за 2-1:

- Оглас -

Најнови вести