Реал дури без седуммина играчи против Манчестер сити

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми пред двомечот со Манчестер сити. 

Левиот бек Алваро Карерас е последниот во серијата повредени и ќе го пропушти првиот натпревар, а исто така ќе биде под знак прашалник и за реваншот на „Етихад“.

Се очекува местото близу левата аут-линија да го заземе неодамна закрепнатиот Ферлан Менди, кој беше надвор од терените со месеци поради повреда. Поради хронични проблеми, Менди одигра само четири натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, но одигра цели 90 минути во петокот во Виго.

Реал Мадрид е десеткуван. Повредени се Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Едер Милитао, Дани Себаљос, Давид Алаба, Родриго и Карерас.

Утеха за тренерот Алваро Арбелоа е што на располагање ќе ги има барем Дин Хаусен, Франко Мастантуоно и Едуардо Камавинга, кои не беа во составот против Селта во петокот, но, секако, Кралскиот клуб има огромни маки пред двомечот со силниот англиски ривал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести