Бензема знае дека нападот на Реал со Килијан ќе биде убиствен: Со Мбапе во тимот ќе даваме дупло голови

Карим Бензема и сите во Реал Мадрид сè уште се надеваат дека Килијан Мбапе ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе игра во нападот за Кралскиот клуб, иако ПСЖ има неверојатна понуда од 50 милиони евра годишна плата за францускиот ас.

Мбапе сака да игра за Реал, тоа го потенцира постојано, а една од врските за негов трансфер во Мадрид е токму Карим Бензема, кој му е соиграч во француската репрезентација.

„Уживам кога играм со него во француската репрезентација и секако дека сакам да ми биде соиграч и во Реал. Верувам дека со него во тимот ќе даваме двојно повеќе голови, дури и тројно, бидејќи е фантастичен играч“, изјави Бензема.

Утре од 21 часот најдобриот стрелец во Шпанија ќе го предводи Реал во дербито на четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите против актуелниот европски првак Челзи.

На „Стемфорд бриџ“ во Лондон ќе почне двомечот меѓу екипата што ја брани титулата и клубот што со 13 пехари е најтрофеен во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести