Реал четирипати по ред го победува Еспањол, Аталанта и Лил пред сигурен триумф (Фото)

1006 Вулверхемптон – Астон вила (18:30)

Вулверхемптон и Астон вила се на два различни краја на премиерлигашката табела и со различни амбиции. Домашните се борат за опстанок, додека гостите за излез во фудбалска Европа, па најдобро за овој меч да се одигра на голови. Последните три меѓусебни натпревари завршија со голови, двапати со по два, а еднаш со четири, па такви се очекувањата и за денешниот меч.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.93)

 

1002 Борнмут – Ливерпул (16:00)

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул, е пред тежок предизвик и гостување кај незгодниот Борнмут. Домашниот состав е на седмото место, но со шанси да дојде дури и до Лигата на шампионите, па затоа очекувањата се дека „црвените“ нема лесно да минат на ова гостување, но и дека нема да ја сочуваат мрежата чиста. Мрежата на Ливерпул се тресеше на последните три меча, иако двапати Ливерпул победуваше, а загуби само од ПСВ во меч без резултатско значење во Лигата на шампионите.

Предлог тип: Х2 & ГГ (1.81)

 

1305 Еспањол – Реал Мадрид (21:00)

Реал Мадрид има четири бода предност пред Атлетико Мадрид и седум пред Барселона, па гостувањето кај Еспањол не би требало да биде посериозен проблем за избраниците на Карло Анчелоти. „Кралевите“ на последните четири меча го победуваа Еспањол и тоа двапати по 3-1 и по еднаш 4-0 и 4-1.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.87)

 

3004 Аталанта – Торино (18:00)

Се чини дека Аталанта остана единствената екипа која ги брка Наполи и Интер на врвот од Серија А, па после ремито против Барселона во Лигата на шампионите, од нив се очекува и домашна победа против Торино. Новиот клуб на Елиф Елмас е во златната средина на табелата, но денес нема шанси против одличната Аталанта. На последните два меѓусебни натпревари во Бергамо, Аталанта го победуваше Торино со 3-0 и 3-1.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.65)

 

1704 Лил  – Ст. Етјен (21:05)

Лил игра одлична сезона, а тоа посебно се однесува на Лигата на шампионите, но и во домашниот шампионат се на шесттата позиција со само два бода помалку од третото место и пласман во најквалитетното клупско натпреварување. Нивниот денешен противник, Ст. Етјен, грчевито се бори за опстанок, па победата на Лил е извесна. На последните пет меѓусебни дуели на кои Лил бил домаќин, го има победено денешниот противник двапати со по 3-1 и еднаш со 3-0.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.81)

- Оглас -

Најнови вести