Реал дефинитивно без Азар и Варан во Билбао, Зидан ја менува тактиката

Реал Мадрид утре од 14 часот во Билбао го има најтешкото гостување кое му претстои до крајот на сезонава, и дуелот со Атлетик може да биде еден од клучните во битката за титулата. Ако Реал слави во Билбао, тешко дека Барса ќе може да му го загрози тронот. Но, на ова гостување, Реал нема да може да смета на Рафаел Варан и Еден Азар, двајца играчи кои би биле стартери ако беа целосно здрави и подготвени.

Тренерот Зинедин Зидан ќе ги поштеди своите двајца стартери кои имаат мали проблеми со повреди, а донесе и една друга важна одлука, тимот уште вечерва да замине во Баскија. Реал на гостувањата обично патува на денот на мечевите, но овојпат ќе преспијат таму, бидејќи мечот е во ран термин, во 14 часот, и сака фудбалерите да бидат одморени.

Во претходните четири рунди, Реал постојано играше мечеви кои завршуваа на полноќ, и не се навикнати да играат толку рано, но тимот тренира во тој термин, па би требало да бидат подготвени за борба со секогаш незгодниот ривал. На листата на патници ги нема и Хамес Родригес и Начо.

- Оглас -

Најнови вести