8.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Реал добил „корпа“ од Клоп, па сега Мареска е прв фаворит за тренер на Кралевите

Алваро Арбелоа е привремен тренер на Реал Мадрид, можеби до крајот на сезоната, а можеби и навистина само привремено. По отказот за Чаби Алонсо, раководството на Кралевите продолжува со интензивна потрага на нов тренер, а најголема желба на Флорентино Перес беше Јирген Клоп.

Сепак, германските медиуми откриваат дека Германецот му дал „корпа“ на Реал Мадрид.

„Интерес од Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и кај мене нема никаков интерес за тоа. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека таму не е сè како што треба. Шпанецот е одличен тренер, но како наследник на легендарниот Анчелоти, кој имаше специфичен начин на водење на својата екипа, не му било воопшто лесно. Многу ми е жал бидејќи мислам дека е одличен тренер“, изјавил Клоп за германскиот „Кикер“.

Сега во прв план е италијанскиот стратег Енцо Мареска, кој до неодамна беше тренер на Челзи, а во својата кариера ги водеше и Лестер и Парма, а беше и дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести