Реал договори големо засилување, но сега проблеми прави неговиот менаџер

Реал Мадрид и Алфонсо Дејвис ги имаат договорено личните услови уште во месец март оваа година, но трансферот на левиот бек на Баер Минхен може и да не се случи. Канадскиот репрезентативец одбива продолжување на договорот и тоа само поради фактот што налето може да си замине како слободен фудбалер.

Сепак, менаџерот на Дејвис ги понудил неговите услуги и на други екипи, па сега се шпекулира дека левиот бек може да продолжи и во Манчестер јунајтед. Иако е малку веројатно, интерес за репрезентативецот на Канада има и од Барселона, па на крајот може да се случи Реал Мадрид да остане со празни раце и без планираното засилување.

- Оглас -

Најнови вести