12.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Реал доживотно ќе му забрани влез на „Бернабеу“ на навивачот кој салутираше (Фото)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид исфрли еден навивач пред почетокот на натпреварот против Бенфика.

Во директен пренос пред натпреварот Реал Мадрид – Бенфика, еден навивач направи нацистичкиот поздрав, што брзо се прошири на социјалните мрежи.

Реал Мадрид веднаш по натпреварот издаде соопштение во кое потврди дека навивачот веднаш бил исфрлен од трибините и од стадионот, и против него ќе биде покрената постапка, бидејќи станува збор за „социос“, односно член на клубот.

Двомечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика се одигра со многубројни навреди упатени кон Винисиус јуниор, па Кралскиот клуб знаеше дека и реваншот ќе биде под посебен мониторинг од јавноста и од УЕФА, па токму затоа веднаш ја презеде оваа ригорозна мерка.

Се најавува дека Реал Мадрид трајно ќе му забрани пристап до трибините на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести