Реал дури и ќе му плаќа на Бејл само да си оди од „Сантијаго Бернабеу“

Шпанското првенство е пред самиот старт, а Реал Мадрид има една голема мака. Кралскиот клуб уште го нема решено проблемот наречен Герет Бејл. Велшанецот, кој има договор со шампионот, не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан.

Бејл уште во минатата сезона покажа дека нема проблем да дреме на клупата и да ја добива платата која ја има според договорот, а таа е најголема од сите фудбалери во клубот. Велшанецот заработува 17 милиони евра по сезона, што е дполнителен товар на Реал, посебно во време на пандемија.

Според некои пишувања, Реал е подготвен дури и на најнепопуларниот потег, а тоа е да го даде Бејл на позајмица и да му плаќа половина од платата. Доколку се најде клуб кој би сакал на плати за Бејл да потроши 8,5 милиони евра, останатата половина би била платена од Реал.

Доколку Бејл си замине од Мадрид, речиси сигурно дека негова следна дестинација ќе биде некој клуб од англиската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести