Реал е апсолутен победник – Кралевите имаат само четири можни ривали во осминафиналето, меѓу нив не се Барса, Атлетико и Севилја

Реал Мадрид е апослутен победник во последното коло и разврската во фазата по групи во Лигата на шампионите, а двоен ќар им е победата против Борусија Менхегладбах, што ги одведе во нокаут-фазата како првопласирани, што ќе им овозможи во осминафиналето да ги избегнат шпанските екипи Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја.

Трите екипи од Ла Лига завршија како второпласирани во своите групи, а на ждрепката во понделеник не може да му бидат ривали на Реал Мадрид поради правилото на УЕФА да не играат екипи од иста земја меѓу себе во првата нокаут-фаза.

Реал не може ни против Борусија Менхенгладбах бидејќи беа во иста група, па можни ривали како второпласирани во своите групи ќе му бидат Порто, Лацио, Аталанта и Лајпциг.

Покрај Реал Мадрид, носители на ждрепката во понеделник ќе бидат и актуелниот шампион Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер сити, Ливерпул, Челзи, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Како второпласирани во фазата по групи можни ривали на победниците ќе им бидат: Барселона, Севилја, Атлетико Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Порто, Аталанта, Лајпциг и Лацио, со напомена дека две екипи од иста земја не можат да играат меѓу себе, како и клубови што беа во иста група.

 

- Оглас -

Најнови вести