Новото 21-во коло на Спортска прогноза на Спорт Манија и Sport Life е во полн тек, а доколку не сте прогнозирале, тоа можете да го направите до сабота во 15.30 часот, кога почнува дуелот Хофенхајм – Баер Леверкузен. Половина час подоцна стартува најголемото дерби кое се нуди за типување во ова коло, а тоа е мадридското дерби Реал – Атлетико.
Сè уште се чека првиот добитник на прекрасниот мобилен телефон IPhone XS. Досега никој ги нема погодено 13-те парови, можеби ова коло ќе му донесе среќа некому.
Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ги чека Јорганџиите, а домашните се во подобра форма, па затоа 71 процент од прогнозерите коишто досега типувале се определиле за „единица“. Кралскиот клуб е лидер табелата во Примера и сега е пред предизвик за да ја задржи челната позиција. Атлетико заостанува 10 бода зад градскиот ривал.
Од неделната понуда, дерби е Тотенхем – Манчестер сити. Досега многу повеќе прогнозери, 65 отсто, веруваат дека тимот на Гвардиола ќе го порази составот на Мурињо. Само 10 проценти типувале „кец“.
Секако, за подобар Генерален пласман не треба да заборавите да ги прогнозирате и резервните средби Вест хем – Брајтон и Барнли – Арсенал.
Подароците ви се добро познати. Освен 13-ката, која носи награда IPhone XS, вредносни ваучери од Sport Life од 1.000 и 500 денари има за оние со 12, односно 11 погодоци. Главната премија за најдобриот во Генералниот пласман е Смарт телевизор 48 инчи. Не чекајте и играјте БЕСПЛАТНО Спортска прогноза.
Трката во Генералниот пласман е сè поинтересна како што се оди кон последната фаза од фудбалската сезона. Шампионот на крајот на сезоната ќе добие убава награда, Смарт телевизор од 48 инчи. Sport Life ќе ги награди и останатите четворица најдобри прогнозери во Топ-5, а за нив ќе има многу поени што ќе можат да се искористат во СЛ Маркетот на обложувалницата.