1006 Вест Бромвич Албион – Арсенал (21 ч.)
По досега одиграните 16 кола, ВБА се промовираше во екипа која тешко дека ќе може да успее да избори опстанок на крајот од сезоната. Со само една победа и две нерешени од осум средби на свој терен, стадионот на ВБА е одлично место каде гостите може да атакуваат на трите бода.
Арсенал ја има една од најслабите сезони и моментно е со само 20 бода, но добро за Топчиите е тоа што врзаа две победи и сега им е вратена самодовербата. Традицијата вели дека од последните шест гостувања кај ВБА, Арсенал има само една победа, но сега сигурно е моментот Топчиите да атакуваат на трите бода.
Предлог тип: 2&3+ (2.60)
1802 Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен (15:30 ч.)
Дуел на две екипи кои тешко губат сезонава. Ајнтрахт се специјализираше за нерешени и досега има осум реми во 13 меча. Баер Леверкузен е најдобар гостински тим, единствен без пораз сезонава (пет победи и две нерешени), што доволно кажива дека ова треба да биде неизвесен дуел.
Традицијата од меѓусебните дуели вели дека на 10 од последните 11 средби имало барем три погодоци, а шест пати двете екипи постигнувале барем по еден погодок.
Предлог тип: ГГ3+ (1.71)
1308 Реал Мадрид – Селта Виго (21 ч.)
Ова треба да е најсигурниот „кец“ за денеска. Кралскиот клуб во последниот меч од 2020 година одигра само 1:1 против Елче и сега не смее да си дозволи нов кикс против реално послаб тим.
За Селта Виго овој меч доаѓа во можеби најдобар момент затоа што гостите имаат шест победи и едно реми во последните седум средби, што значи дека се полни со самодоверба. Сепак, кога играат на гости, Селта има само една победа.
На последните осум меѓусебни дуели Реал има пет победи и три нерешени, а дуелите изобилувале со погодоци. Вкупно 35 гола имало на последните осум меча на овие екипи, што е просек од 4,3 на натпревар.
Предлог тип: 1&3+ (2.35)
1806 Херта – Шалке (18:30 ч.)
Две слаби екипи кои имаат очајни одбрани и слаби напади. Шалке во 13 меча прими дури 36 гола, односно речиси по три на меч, додека Херта е малку подобра и досега 24 пати ја вадеше топката од својата мрежа.
Херта ова го гледа како меч на кој не смее да киксне, затоа што Шалке јуриша кон светскиот рекорд за најдолга низа без победа во првенство. Тимот од Гелзенкирхен во Бундеслигата се нема израдувано 17 јануари минатата година.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1306 Бетис – Севилја (16:15 ч.)
Градското дерби на Севилја секогаш привлекува големо внимание, без разлика што сега се игра без гледачи. Севилја е тим кој секогаш цели кон горниот дел од табелата, па иако сега е гостин, ќе брка победа.
Бетис е на солидното 10-то место, но проблем за домаќините е одбраната. Со 30 примени погодоци во 16 меча, Бетис ја има најслабата дефанзива во лигата, додека Севилја е со втората најдобра одбрана, веднаш зад лидерот Атлетико Мадрид. Севилја победи на последните три меѓусебни средби, а и сега квалитетот е на страната на гостите, кои треба и да го искористат фактот дека се игра без публика
Предлог тип: 2 (1.98)