Европскиот шампион Реал Мадрид, попладнево ќе го игра финалето на Светското клупско првенство, а во противничкиот Ал Аин треба да знаат дека шпанскиот гигант има исклучително позитивна традиција во мечевите на кои заедно настапиле бековите Даниел Карвахал и Марсело.
Оваа сезона, Марсело и Карвахал заедно играа на девет меча, и билансот на Реал беше седум победи, едно реми и еден пораз. Поразот беше во Суперкупот на УЕФА против Атлетико Мадрид, меч на кој се играа продолженија. Во 90 минути игра, Реал не знае за пораз кога во составот се овие двајца.
Кога Марсело или Карвахал се повредени или казнети, на тимот не му оди толку добро, иако и нивните замени покажуваа добри игри на некои средби.
За Бразилецот кој е корисен во нападот, има многу критики дека игра лошо во одбраната, а една од причините што не може да игра квлаитетно на двете страни од теренот е слабата физичка подготвеност. Во Реал го знаат тоа и затоа Марсело работи со кондициски тренер, а во дефанзивниот дел добива помош од Бејл и Љоренте.