Реал е сигурица на денот: Кралевите ќе победат во Германија, а коефициентот за тоа е одличен

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид со шокантен пораз на свој терен ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. Шахтар си замина со трите бода од Мадрид и создаде притисок врз 13-кратниот европски првак.

Реал Мадрид е рекордер со 25 учества во ЛШ и секогаш ја поминувал групната фаза. Кралевите се полни со самодоверба пред мечот затоа што викендов славеа на „Камп ноу“ против Барселона во Ел Класико. Тренерот Зинедин Зидан вели дека токму играта против Барселона треба да биде патоказ како Реал да стигне до трите бода и на гостувањето во Германија.

„Играта која ја покажавме на Ел Класико е токму тоа што ни треба и сега за дуелот против Борусија. Да играме добро, да се бориме како тим и да се обидеме да победиме. Треба само да ја повториме играта од викендов. Мора да останеме фокусирани во текот на сите 90 минути затоа што знаеме дека ќе биде тешко“, вели Зидан.

Дури 35 години има поминато од последните два меча на овие екипи и тоа беа средби за памтење. Борусија дома победи убедливо со 5:1 во нокаут-меч од Купот на УЕФА, но Реал во реваншот се врати и славеше со 4:0, што беше доволно Кралевите да одат понатаму.

Борусија Менхенгладбах двапати играле во групната фаза од ЛШ и во двата случаи не поминала во нокаут-системот. Германците ги краси упорност, но, сепак, тешко дека ќе може да се спротистават на Реал. Шпанскиот првак победил на 16 од последните 26 гостувања во ЛШ. Реал има дури 70 меча против германски екипи, а вкупниот биланс е 34 победи, 13 ремија и 23 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести