Реал е стално ќар со ВАР – Победија со гол од пенал, но дали Атлетик е оштетен? (Фото+ Видео)

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со гол од пенал што го постигна Серхио Рамос во 73. минута. Со мало задоцнување судијата Гонзалес доби предупредување од ВАР собата дека има спорен момент, а потоа по прегледување на снимката со помош на модерната технологија покажа на белата точка.

Марсело беше фаулиран во шеснаесетникот на Атлетик Билбао и се чини дека одлуката на Гонзалес е исправна.

Рамос покажа дека не знае сезонава да згреши од белата точка и погоди за многу значајна победа на лидерот на табелата во Ла Лига. Ова беше трет пенал за Реал на последните пет меча, а капитенот на Краслкиот клуб ги погоди сите три удари од 11 метри.

https://twitter.com/Goal_Standard/status/1279771457485254657?s=20

Веднаш потоа имаше спорен момент на спротивната страна, а токму Рамос го нагази Раул Гарсија, но овојпат судијата воопшто не замина да провери дали има пенал со помош на ВАР технологијата.

Реал со победата против Атлетик остана на лидерската позиција на табелата во шпанското првенство со 77 бода, 7 повеќе од вечниот ривал Барселона, но со меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести