Џорџо Кјелини, еден од најискусните играчи на Јувентус, застана во одбрана на Кристијано Роналдо. Столбот во одбраната на Старата дама смета дека Роналдо требало да биде прогласен за најдобар во изборот на Златна топка. Кјелини обвини дека Реал Мадрид лани вмешал прсти во изборот за најдобар, но и дека е смешен критериумот по кој Меси оваа година беше прогласен за најдобар.
„Вистинска кражба беше тоа што се случи лани. Реал Мадрид одлучи дека Роналдо не смее да ја добие Златната топка. Тоа беше многу чудно. Кристијано беше освојувач на Лигата на шампионите исто како и Модриќ, а тогаш наградата можеше да им припадне и на Мбапе, Погба или Гриезман, кои играа одлично на Светското првенство во Русија и станаа прваци. Наградата на Модриќ немаше логика. За оваа сезона наградата требаше да ја освои Ван Дајк. Тој триумфираше во Лигата на шампионите“, вели Кјелини.