Борусија Менхенгладбах еднаш шутна кон голот на Реал Мадрид и даде гол за предност од 1-0 во меч кој за гостите има големо значење бидејќи само 8 проценти од тимовите кои загубиле во првите две кола во групите од ЛШ, поминале во следната фаза. За 13-кратниот европски првак би била вистинска катастрофа ако не влезе во осминафиналето, но според игрите и резултатите по три полувремиња, ќе му биде тешко.
Германскиот тим погодокот го даде по една убава акција во која одбраната на Кралскиот клуб беше надиграна. Стрелец беше Маркус Турам, кој погоди на 27 години по единствениот гол на татко му Лилијан во ЛШ.
Ајакс, кој на 15 гостувања по ред во ЛШ не знае за пораз, доминира против Аталанта и води 2-0. Ливерпул уште не може да даде гол против Митјиланд. Лош резултат од 1-1 има и Атлетико дома против Салцбург.
Ова е голот на Турам со кој Гладбах има предност:
https://twitter.com/i/status/1321189397446930435