Реал Мадрид вторпат по ред прима три погодоци на пријателски натпревар во САД, овој пат од Јувентус во поразот од 3-1. Очигледно дека Кралевите се во голема криза, а имаат само уште малку време за засилувања пред почетокот на сезоната.
Јувентус го отвори резултатот уште во 50-тата секунда преку Мојзе Кен, а веќе во 20-тата минута беше 2-0 за клубот од Торино со погодокот на Тимоти Веа.
До крајот на првиот дел Реал успеа да намали преку Винисиус во 38-мата минута, а конечните 3-1 за Јувентус ги постави Душан Влаховиќ во 95-тата минута.
Реал Мадрид имаше 70% посед на топка и иако упати 27 удари кон противничкиот гол, дури 20 не беа прецизни и само седум завршија во рамките на противничкиот гол. Очигледен е проблемот во нападот по заминувањето на Карим Бензема, а Кралевите немаат соодветна замена за него.
https://twitter.com/FIFARobsMessi/status/1686945005485887488?s=20