Реал Мадрид повторно има проблеми со голманската позиција. Откако пред почетокот на сезоната се повреди првиот голман, Тибо Куртоа, Кралевите на позајмица го доведоа Кепа Аризабалага од Челзи. На синоќешниот натпревар против Брага во Лигата на шампионите се повреди и Баскиецот, и тоа на загревањето. Тој ќе паузира две до три недели, а местото помеѓу стативите ќе го заземе Украинецот Андриј Лунин.
Токму Лунин синоќа бранеше во победата на Реал од 3-0 над Брага, а сезонава Украинецот на уште два натпревара беше на голот на Кралскиот клуб, во победите над Атлетико Мадрид (2-0) и Алмерија (3-1).
Сето ова значи дека Реал Мадрид има три победи на натпреварите на кои Лунин бил на голот, а тој примил само еден гол.