Реал, Фенер и Монако станаа шампиони, ПАО се избори за мајсторка, изненадување во Литванија

Дел од најквалитетните европски кошаркарски првенства вечерва ги добија новите шампиони. Три евролигаши слават титула, а шанса имаше и четврта, но во Грција ќе се игра мајсторка.

Реал Мадрид со метла и максимални 3-0 ја доби серијата со Мурсија откако славеше во третиот меч со 73-84 на гостински терен.

Уште еден учесник на завршниот турнир на Евролигата дојде до титулата откако Фенербахче со 3-1 ја доби серијата против Анадолу Ефес. „Сино-жолтите“ од Истанбул во четвртиот меч од финалната серија дојдоа до победа со 80-72 на домашен терен по продолженија, откако мечот во регуларните 40 минути заврши 64-64.

Третиот евролигаш кој вечерва слави титула е Монако, кој стана шампион на Франција. Монако со 3-1 ја доби серијата против Париз, а во последниот меч немаше милост за противникот и на гости победи со убедливи 76-115.

Шанса за титула вечерва имаше и европскиот шампион Олимпијакос, но изненадувачки загуби на домашен терен од големиот ривал Панатинаикос со 85-88, па сега ќе се игра мајсторка, која ќе го одлучи шампионот на Грција.

Најголемото изненадување се случи во Литванија, каде што екипата на Жалгирис не успеа да дојде до титулата откако ја загуби серијата од Ритас со 3-1.

- Оглас -

Најнови вести