Реал гази, Бензема испиша историја и влезе во неверојатно друштво

Реал Мадрид без многу проблеми со 4:1 ја победи Валенсија и Кралскиот клуб се зацврсти на првото место во шпанското првенство. Карим Бензема го скрши отпорот на госитите и тоа со погодок пред крајот на првото полувреме од пенал.

Погодокот на Бензема беше голем јубилеј за Французинот. Тоа беше 300 гол за Бензема во 584 натпревари одиграни за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Тој е само четвртиот фудбалер кој во историјата на Кралевите ја стигна границата од 300 погодоци. Кристијано Роналдо е рекордер со 450 голови, потоа следи Раул Гонзалес со 323 голови, а Алфредо ди Стефано постигна 308 погодоци.

Во второто полувреме, Винисиус Јуниор со два гола во период од 52 до 61 минута го доведе Реал до предност од 3:0, а во финишот на мечот, Валенсија даде почесен погодок. Бензема кој го отвори резултатот, со погодок во 88 минута стигна до 301 погодок во дресот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести