Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ги демантира шпекулациите дека Флорентино Перес ќе се повлече од претседателската функција.
Навивачите на Реал Мадрид беа во шок откако на социјалните мрежи се појави информација дека Перес ќе повлече од Реал на годишното собрание на клубот, поради што мораше да реагира клубот, објавувајќи дека тоа е лага.
„Соочен со шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи дека претседателот Флоренитно Перес наводно размислува да се повлече, Реал Мадрид сака да го објави следното: Дека тие гласини се лажни и се во служба на некакви интереси кои немаат врска со реалноста. И дека на претстојното собрание на клубот нема да има ниту една точка на дневниот ред во која би се разговарало за името на спортскиот центар Сиудад Реал Мадрид“, стои во соопштението на Кралскиот клуб.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1687791133399609344?s=20