Реал ги зголемил платите на Белингам и на Винисиус за да не се случи незадоволство по доаѓањето на Мбапе

Раководството на Реал Мадрид сериозно ги зголемило платите на Џуд Белингам и на Винисиус јуниор, пренесуваат шпанските медиуми. Флорентино Перес се одлучил на овој потег поради пристигнувањето на Килијан Мбапе, кој летово му се приклучи на тимот како слободен играч и доби максимална плата на „Сантијаго Бернабеу“. Таа изнесува 15 милиони евра, што е граница за платите во тимот во последниве години.


Се разбира, францускиот напаѓач добил и голем бонус за трансферот без отштета, но таа сума не е вклучена во основната плата.

Ова е максималната плата што ја добиваа играчи како Кристијано Роналдо, Еден Азар и Герет Бејл во текот на нивниот престој во клубот.

До крајот на минатата сезона, Џуд Белингам и Винисиус заработувале по 10 милиони евра годишно, но сега и тие добиле зголемување до максимално дозволената граница на плати.

Овој чекор бил преземен од страна на раководството на Реал Мадрид со цел да се избегне можен конфликт во соблекувалната меѓу водечките играчи. Тие не сакале дел од ѕвездите на тимот да се чувствуваат потценето во споредба со новопристигнатиот Мбапе и да дојде до несогласувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести