Реал го декласира Панатинаикос

Реал Мадрид ги одигра супериорно првата и последната четвртина и рутински го победи Панатинаикос со 89:68 во меч што требаше да биде дерби на колото во Евролигата.

Актуелниот европски првак одлично го почна мечот имаше предност од 23:10 по првиот период, но потоа дозволи разликата да се стопи на 8 поени пред почетокот на последниот период.

И повторно следеше фуриозна претстава на домашниот состав, а разликата на крајот се искачи на плус 21.

Фабиен Козер со 14 поени беше најефикасен кај Реал, со еден поен повеќе од Факундо Кампацо. Кај Панатинаикос и на мечот најефикасен беше Кит Ленгфорд со 20 поени, а зад него на листата на стрелците е Ник Калатес со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести