Реал го губи трпението со Мбапе, веќе се распрашува за откупната клаузула за Халанд

Килијан Мбапе останува главна мета за Реал Мадрид идната година, но претседателот Флорентино Перес поучен од минатите години кога беше изигран од фудбалерот, има подготвено замена доколку повторно остане со празни раце.

Весникот „Ас“ пишува дека Перес се распрашувал за откупната клаузула на Ерлинг Халанд.

Според неа, Реал Мадрид идното лето ќе може да го купи Халанд за 200 милиони евра, додека сумата ќе се намали во 2025 и 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести