Реал го направи првиот чекор кон носење на нов Крал

Реал Мадрид го направи првиот чекор кон реализација на нов голем трансфер идната година, имаше разговор со агентот на фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пишува весникот „Ас“.

Според „Ас“, 23-годишниот Дејвис ќе биде главна мета на Кралевите идното лето бидејќи и поради тоа управата на Реал изминатите недели имала неколку средби со агентот на фудбалерот, Недал Хусех кои поминале во одлична атмосфера.

Наводно Дејвис е подготвен идното лето да си замине од Баерн Минхен, една година пред истекот на договорот и да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Според „Ас“ германскиот тим е подготвен да го пушти Дејвис да се пресели во Баерн за сума не помала од 50 милиони евра.

Освен Реал Мадрид, интерес за ангажман пројавуваат и два премиерлигаши кои можат да му понудат подобри финансиски услови на Дејвис, тоа се Манчестер сити и Челси.
Баерн веќе има обезбедено замена за Дејвис, летово од Борусија Дортмунд го донесе Рафаел Гереиро кој поради повреда не е во можност да игра.

- Оглас -

Најнови вести