Реал го плаќа 600.000 евра неделно, а Бејл на клупата прави шоу (Видео)

Герет Бејл со своето однесување продолжува да ги нервира навивачите на Реал Мадрид. Велшанецот беше на клупата за резерви на гостувањето кај Валенсија, а повеќе од очигледно беше дека многу не го интересираше тоа што се случува на теренот.

Велшанецот, кој истакна знаме на кое пишуваше дека поважен му е голфот отколку Реал Мадрид, каде што заработува 600.000 евра неделно, овојпат имаше ново шоу. Бејл се обидуваше успешно да го заврши bottle flip challenge, односно да го заврти шишето и тоа да застане во нормална положба.

Додека Бејл го правеше предизвикот, Каземиро и Едер Милито се смееја и се забавуваа со шоуто на еден од најомразените фудбалери во последно време во Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести