Реал го плати 20 милиони евра, одигра само 25 минути, а сега ќе оди на позајмица во Милан

Големата надеж на турскиот фудбал, Арда Ѓулер, минатото лето за 20 милиони евра се пресели од Фенербахче во Реал Мадрид. Очекувањата од него беа големи на „Сантијаго Бернабе“, но Ѓулер до сега успеа да собере само три настапи за „кралевите“, а на терен мина само 25 минути.

Најголем проблем за младиот турчин беа повредите, кои започнаа уште на турнејата во САД, после неговото пристигнување во Реал Мадрид. Токму затоа, „кралевите“ сега размислуваат да го испратат на позајмица, а интерес за такво нешто има од членот на Серија А, Милан. Позајмицата ќе се случи веќе налето, а Ѓулер ќе има одлична можност за поголема минутажа во редовите на Милан.

- Оглас -

Најнови вести